Регион 07. август 2018. / 16:15

Тешка несреќа – девојка паднала во бездна длабока 30 метри, лекарите се борат за нејзиниот живот

Тешка несреќа – девојка паднала во бездна длабока 30 метри, лекарите се борат за нејзиниот живот

Тешка несреќа се случила во Националниот парк Плитвички езера, а едно лице се бори за живот, јавуваат хрватските медиуми.

Дваесет и три годишна Французинка паднала во бездна длабока 30 метри. Несреќата се случила вчера наутро кога таа излегла од оградениот дел, се лизнала и паднала во провалијата.

По спасувачката акција, девојката со возило на Итна медицинска помош била пренесена до најблиското место, а од таму со хеликоптер во Клиничката болница во Ријека каде лекарите се борат за нејзиниот живот.