Регион 07. јануари 2020. / 13:38

Таткото на српскиот педофил: Да се прашувам јас, тој би одел на бесилка

Таткото на српскиот педофил: Да се прашувам јас, тој би одел на бесилка

Нинослав Јовановиќ српскиот педофил, познат како Малчански берберин, имал затворска посета од неговите татко и брат, кои му донеле нова облека.

– Не сакавме воопшто да дојдеме, не сакам да го видам, но не замолија од полицијата да дојдеме и да му донесеме алишта да се пресовлече со оглед дека неговата гардероба оди на анализа. Беше свертен со грб кон нас во келијата кога пристигнавме, а полицаецот му рече да се сврти. Му реков: „Како не ти е срам веќе, срамота си“, а помладиот син му се обрати со зборовите: Сега ме гледаш и никогаш повеќе“. Ни збор не кажа. Сам го избра патот по кој ќе оди и треба да одговара за тоа што го направи. Да се прашувам јас, би одел на бесилка – изјави неговиот татко.

Полицијата го уапси Јовановиќ вчера по потрага од 17 дена, по што веднаш му беше одредено полициско задржување од 48 часа, а по сослушувањето сигурно ќе му биде одреден притвор.