Регион 17. јули 2018. / 18:09

Татко и ќерка пронајдени мртви во штала

Татко и ќерка пронајдени мртви во штала

Татко и неговата 15-годишна ќерка починале утрово во ургентниот центар во Општата болница Лесковац како последица на удар од струја, пренесува српски „Курир”.

-Беа донесени во болницата без знаци на живот. Докторите се обиделе со реанимација, направиле се што можеле, но било касно-рекол директорот на болницата Небојша Димитријевиќ.

Таткото починал во 9 часот, а петнаесет минути подоцна и девојчето.

Неофицијално, тие починале од апаратот за молзење на крави, бидејќи биле пронајдени блиску до него.