Регион 06. мај 2020. / 13:53

Тачи со благодарност до Пленковиќ зашто го одржувал Балканот во агендата на ЕУ

Тачи со благодарност до Пленковиќ зашто го одржувал Балканот во агендата на ЕУ

Косовскиот претседател Хашим Тачи разговарал по телефон со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, во пресрет на Загребскиот самит меѓу членките на Европската унија и земјите од Западен Балкан, што попладнево ќе се одржи преку видео-конференциска врска,.

Како што соопшти кабинетот на Тачи, тој изразил благодарност за решителноста на Хрватска да се одржи Самитот и да го одржи Балканот високо во агендата на ЕУ.

Благодарни сме што инсистиравте Самитот да се одржи и во овие услови и што го одржувате Западен Балкан високо во агендата на ЕУ. Косово и Хрватска се стратешки партнери во регионот и во европската перспекива – се цитира Тачи во соопштението по разговорот со Пленковиќ.

На денешниот состанок во организација на Хрватска, како претседавач со ЕУ во првата половина од годинава, ќе учествуваат шефови на држави или влади на земјите членки на ЕУ и на шесте западнобалкански држави – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе претседава со состанокот и заедно со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат ЕУ.