Регион 07. ноември 2018. / 18:45

Тачи: Попрво би водел дијалог со ѓаволот отколку со Вучиќ

Тачи: Попрво би водел дијалог со ѓаволот отколку со Вучиќ

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, пред продолжението на дијалогот со Србија изјави дека попрво би водел дијалог со ѓаволот отколку со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Во интервју за приштинската агенција „Косовапрес“, Тачи ги оцени како тешки состаноците кои ги има со Вучиќ.

– Очекувам уште тешки разговори затоа што мојот српски колега е тежок соговорник и истовремено оптоварен. Можам да кажам дека со поголемо задоволство би седнал на маса со еден ѓавол отколку со Александар Вучиќ затоа што тој со сиот свој потенцијал, сиот арсенал на Србија работи на растурање на Косово како држава. Секако дека ќе го издржам тоа, но тое не е доволно во соочувањето со Србија – вели Тачи.

Тој додава дека на утрешниот состанок во Брисел не може да дојде до договор и дека во неговата финализација ќе учествува целиот политички спектар.

Тачи оцени дека состанокот во Париз ќе биде дополнителна можност да се изрази неопходноста за постигнување на мировен договор меѓу Косово и Србија.