Регион 21. јануари 2019. / 22:44

Тачи откри што ќе направи ако го викнат во Хаг

Тачи откри што ќе направи ако го викнат во Хаг

Косовскиот претседател Хашим Тачи, вели дека позитивно ќе одговори ако добие покана од Специјалниот суд за воени злосторства, објави АП.

-Ако има било каков повик, во секое време ќе одговорам со целосна транспарентност. – рече Тачи.

Тој ги покани другите да го сторат истото.

Минатата недела Хашкиот трибунал започна со сослушување на поранешните припадници на ОВК.

Досега беа сослушани поранешните команданти на ОВК, Рустем Мустафа Реми и Сами Љуштаку, пренесува Б92.