Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека косовските институции се подготвени за продолжување на дијалогот со Србија и е оптимист дека договорот за надминување на споровите меѓу двете земји може да се постигне до крајот на годинава.
Тачи на денешната прес-конференција во Приштина повтори дека очекува дијалогот да резултира со меѓусебно признавање на двете земји, со што на Косово ќе му се отвори патот за зачленување во НАТО и во Европска Унија.
Тој изрази задоволство поради одлуката на новата косовска Влада да го укине трговскиот реципроцитет кон Србија, оценувајќи дека по ова Белград нема веќе оправдување за „да бега од дијалогот“.