Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека очекува Ангела Меркел да го убеди српскот претседател Александар Вучиќ да ја признае самопрогласената независност на Косово на претстојниот мини-самит во Берлин.
Тачи очекува и дека Меркел ќе ги повика и петте држави членки на Европската Унија кои го немаат признато Косово, како и Босна и Херцеговина, да ја признаат независноста на Приштина.
-Има добра шанса ова да се случи. Истворемено, нема под никои услови да прифатиме Косово да предложи некаков вид двоен суверенитет или каов било германско-германски модел, Република Српска или каква било автономија- кажа Тачи.
Додаде и дека е скептичен дека Белград и Приштина ќе се усогласат околу продолжувањето на дијалогот, но дека на средбата во Берлин ќе има повици за продолжување на разговорите врз основа на можноста за постигнување сеопфатен доготор за нормализација.