Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска изјави во Берлин, каде се одржува неформалниот собир на лидерите на т.н. „Западнобалканска шесторка”, дека дијалог со Белград нема да има без САД.
-Без САД нема дијалог и преговори. Косово е независна и суверена држава, изјави Тачи за приштинските медиуми пред конференцијата во Берлин- објави Газета Експрес.
Весникот заклучува дека со таа изјава Тачи практично ги навредил домаќините на денешната средба, двете европски сили, Германија и Франција, што го иницираа состанокот.
Тачи и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, рекоа дека немаат информации за каков било нацрт-договор што би бил постигнат во Берлин.