Регион

Тачи: Косово ризикува да го изгуби моментот за постигнување договор со Србија

Тачи: Косово ризикува да го изгуби моментот за постигнување договор со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази загриженост поради тоа што Косово ризикува да го изгуби, како што рече, „решителниот момент за постигнување договор со Србија“.

– Опасноста доаѓа од популистичките политики кои имаат единствено изборни цели, изјави Тачи пред новинарите во Урошевац.

Во врска со противењето на опозицијата на неговото водење на преговорите со Белград, косовскиот претседател рече дека никој не може да го води дијалогот сам, ниту да поставува вето или да го блокира напредувањето на процесот.

– Сите политички лидери треба да понесат одговорност во овој значаен процес и истовремено да ги поделат заслугите, рече Тачи, повикувајќи на политичко единство за завршната фаза на преговорите со Србија.

Косовскиот претседател, кој во Урошевац присуствуваше на отворањето на жетварската сезона, изрази надеж дека, до крајот на 2018, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европа без визи.