Регион 07. ноември 2018. / 14:39

Тачи и Вучиќ утре на состанок во Брисел

Тачи и Вучиќ утре на состанок во Брисел

Утре, 8 ноември во Брисел ќе биде одржан состанок на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина, со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ.

Могерини ќе биде домаќин на состанокот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи.

-Се очекува дека Вучиќ и Тачи на состанокот да ја потврдат нивната подготвеност во интензивирање на напорите да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите, што е од суштинска важност за нивниот европски пат, се вели во соопштението.