Состанокот Белград-Приштина во Вашингтон кој требаше да се одржи в сабота, на 27 јуни е одложен. Специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалог Ричард Гренел објави дека наскоро ќе го објави новиот термин на состанокот.
Гренел на Твитер објави дека ја разбира одлуката на косовскиот премиер да не доаѓа во Вашингтон на состанок и додаде дека работи на промена на датумот.