Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека секоја ревидирана граница со Србија, која ќе произлезе од преговорите за нормализација меѓу двата соседи, нема да биде повлечена по етничка линии.
– Ќе работиме заедно да ги дефинирме границите, исто како што направивме со Македонија и Црна Гора, но нема да има граници врз основа на етнички линии. – изјави Тачи во интервју за АФП.