Регион 01. јануари 2020. / 21:46

Тачи го повикува Рама да ги укинат границите меѓу Косово и Албанија

Тачи го повикува Рама да ги укинат границите меѓу Косово и Албанија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи го повика албанскиот премиер Еди Рама да потпишат меѓудржавен договор за укинување на границите и царините меѓу Косово и Албанија, објави „Алџезеира“.

Тачи рече дека Косово е подготвено да ги укине границите и царините наведувајќи дека Албанците од двете страни на границата се „браќа и иста нација“.

Потврдувам во име на институциите на Косово дека Косово уште денеска, не утре, е подготвено да донесе одлука за укинување на границите, царините и било кои други бариери во однос на Албанија.