Претседателот на Косово Хашим Тачи побарал од Рамуш Харадинај да ги укине таксите кои се воведени за производите од Србија и БиХ.
Тачи порачал дека треба да се престане со популистичките одлуки.
Косовскиот претседател, во објавата на Фејсбук, не го спомнал името на Харадинај, но потсетил на пријателството помеѓу Косово и САД, а исто така и дека американската поддршка не треба да се смета за безусловна.
-Американската поддршка не може да се смета за безусловна ако правиме грешки кои ги доведуваат во прашање американските интереси и вредности на Косово, регионот и Европа. Нашите вредности и визии се во согласност со американските. – порача Тачи, потсетувајќи дека САД претходно побара да се укинат таксите за Србија и БиХ.
Тачи порача дека актуелните случувања и активности на државните институции на Косово, со загриженост се следат од страна на САД.