Регион 26. февруари 2019. / 11:06

Тачи бара и Прешевската Долина да се приклучи кон Косово

Тачи бара и Прешевската Долина да се приклучи кон Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека ако Прешево, Медвеѓе и Бујановац со договорот со Србија се приклучат кон Косово, а косовскиот парламент не го одобри тоа, ќе биде организиран референдум или тој ќе поднесе оставка.

Гостувајќи во емисијата „Рапорт тв“, Тачи порака дека приклучувањето на Бујановац, Медвеѓе и Прешево може да биде дел од договорот со Србија и дека во тој случај тоа нема да биде кршење туку менување на уставот.

– Ќе постигнеме договор, ќе го предложиме со парламентот. Ако Бујановац, Медвеѓе и Прешево со договор се приклучат кон Косово, а парламентот е го одобри тоа, јас ќе поднесам оставка или ќе распишам референдум. – порача Тачи.

Смета дека референдумот би бил успешен бидејќи, како што вели, 99 проценти од луѓето во Бујановац, Медвеѓе и Прешево сакаат да се припојат кон Косово, додека помеѓу 75 и 80 отсто од жителите на Косово ја делат истата желба.

Тој негира дека договорот би можел да подразбира одрекување од дел од делови од териториата на Косово.