Хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар-Китаровиќ својата последна официјална посета ја има во Словенија. Таа во претседателската палата беше пречекана со својот колега Борут Пахор.
Пахор беше среќен што Грабар-Китаровиќ одлучила нејзиното последно службено патување да биде во соседна Словенија.
– Не се работи за тоа дека сме две соседни и пријателски држави. Се работи за тоа дека ние двајца напорно работивме тоа да биде така – изјави Пахор.
Ова e нивната 39 средба.