Една Словенка заразена со корона вирусот, која е префрлена во болница поради проблеми со дишењето, пишува блог за искуството како е да се биде жртва на вирусот што го преплави светот.
Додека не ме префрлија во болница не сфаќав што сакаат да кажат оние што велеа дека имаат чувство како белите дробови да ти се полни со вода – вели студентката Теа.
Нејзината состојба во последните денови се влошила. Како што вчера напиша на нејзиниот блог, покрај температурата, болките и отежнатото дишење и се појавиле и треска и болка во очите.
Топломерот се уште останува под 38 Целзиусови степени (најчесто околу 37,5), но во комбинација со останатите симптоми, ниската температура е напорна. До денес не можев да ги разберам тие што објаснуваа дека се чувствуваат како белите дробови да им се полни со вода. Сега, за жал, многу добро знам за што зборувале – вели Теа.
Откако состојбата и се влошила, таа повикала лекар.
Веднаш по разговорот, ми се јавија од итната служба во Велење и ме информираа дека амбулантно возило ќе дојде по мене за да ме однесе во болница. Дојдоа добро заштитени господа, кои беа неверојатно пријателски расположени и ми помогнаа да влезам во возилото – пишува Теа.
Неа ја однеле во болницата во Марибор во инбфективното одделение, каде што веднаш била ставена во соба во изолација.
Има два кревета во неа, а на едниот се наоѓа жена која дошла овде пред некој ден. Пред влезот има мал ходник каде што лекарите ги облекуваат заштитните одела – пишува Таа.
Лекарите продолжиле со да ја прегледуваат и сега се чекаат резултатите од ренгенот на нејзините бели дробови.
Кога лекрите си заминаа јас повеќе не можев да се воздржам и почнав да плачам. Знам дека креветот им треба и на други луѓе. И јас сакам што побрзо да го ослободам за некого кому треба што побрзо. Има други луѓе што чекаат понатамошни инструкции и кои, исто така, треба да правата рендген на белите дробови, што најмногу ме загрижува – пишува Теа.