Основните граѓански судови и Основните судови во Грција почнаа да работат, но само за одредени случаи, без присуство на странки и под силни заштитни мерки.
Пред влезот во судскиот комплекс, каде што се наоѓа Основниот суд во Атина, волонтери од Црвениот крст ја мерат температурата на сите кои пристигнуваат, додека, пак, припадници на обезбедувањето се грижат за мерките за да се избегне создавање гужва.
Основниот суд го посети и министерот за правда на Грција, Константинос Циарас кој изрази задоволство од придржувањето кон мерките.