Регион 22. ноември 2018. / 13:36

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Заменик-директорот на полицијата во Тирана и уште шест други полицајци, беа повредени за време на протестите на жителите на областа Астир.

Граѓаните протестираа бидејќи се против проширувањето на патниот проект „Големиот прстен” и бараат целосна компензација за уривањето на нивните куќи поради проектот.

Меѓу заменик-директорот на полицијата и шестте полицајци кои беа повредени за време на протестот, има и една жена. Тие беа повредени во обид да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на албанскиот парламент.