Регион 05. февруари 2020. / 12:39

Судар на камион и возило на авто-школа: Девојка загинала на час по возење

Судар на камион и возило на авто-школа: Девојка загинала на час по возење

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Цазин во БиХ, загинала 18-годишна девојка.

Трагедијата се случила при судар на камион и автомобил на авто-школа, во којшто била загинатата матурантка.

Девојката била на час по возење, а при сударот со камионот повреден е и нејзиниот инструктор, кој има полесни повреди, објави „Индек.хр“.

Првично не се познати причините за несреќата.