Регион 06. јануари 2019. / 12:35

Студен бран ја погоди Грција – има жртви

Студен бран ја погоди Грција – има жртви

Централните и северните делови на Грција ги погоди студен бран проследен со снежни врнежи, а полицијата соопшти дека една жена е пронајдена мртва, додека двајца мажи се водат како исчезнати.

Температурите во тие делови на Грција речиси цела недела се под нулата, а снегот го поремети патниот и авионскиот сообраќај.

Грчката служба за цивилна заштита ги повика локалните власти да бидат подготвени, затоа што се очекува Грција утре да ја погоди нов леден бран.