Регион 11. јуни 2020. / 11:30

Страв од епидемијата во Македонија: Српските туристи ќе одат во Грција преку Бугарија

Страв од епидемијата во Македонија: Српските туристи ќе одат во Грција преку Бугарија

Големиот пораст на новозаразени со Ковид-19 во Македонија и секојдневните троцифрени дневни бројки не остануваат незабележливи во Регионот.

Поради таквото неконтролирано ширење на епидемијата во нашата земја, српските туристи, коишто се подготвуваат да одат ја посетат Грција, планираат промена на рутите на патување, коишто вообичаено поминуваат низ Македонија.

Весникот „Novosti“ прави репортажа за патувањето од Србија кон Грција низ Бугарија, опција којашто во весникот ја оценуваат како многу побезбедна отколку да патуваат низ Македонија.

Патот ги води од Ниш преку Пирот, Димитровград, Софија, Перник, Благоевград, Кресна, Сандански па преку граничниот премин „Кулата“ излегуваат во Грција.

Србите сметаат дека Македонија во овој момент не е безбедна за патување, па затоа не им пречи ниту фактото што на овој пат низ Бугарија нема цело време автопат.

За да го планираат ваквото патување не ги поколебува ни цената на горивата во Бугарија, која е идентична како во Србија, ниту, пак, цената што треба да ја платат за вињетка.

Патувањето од Србија кон Грција преку Бугарија е за педесетина километри и за час-до два подолго отколку да се патува низ нашата земја.