Тело на машко новороденче е пронајдено на регионален пат во близина на Мостар, пренесуваат босанските медиуми.
Причината за смртта на бебето, родено на 5 септември, сеуште не е соопштена.
Според неофицијални информации, родителите на бебето, кои се од Груде, БиХ, биле на испитување во полициска станица.
Обдукцијата на телото ќе биде извршена утре.