Излегувањето во град и една вечерна забава за 17-годишниот Јован Пауновиќ, средношколец и спортист од Белград биле кобни. Вечерта славел полнолетство, предвреме, со другар од училиште заминал на сплав, на кој традиционално се организираат забави и каде е лесно да се дојде до евтина дрога.
Момчето утрината во придружба на полиција, со возило на Брза помош било однесено во болница, поради преголема количина естази во крвта, по што подоцна истиот ден починал.
Како што велат од семејството, според нивните сознанија Јован таа вечер заедно со својот другар купил по две екстази од по 1.000 динари, а што се случило подоцна никој не можел да потврди.
Минувачите му пружале помош, а неговиот другар исчезнал. Јован се тресел како да имал епилептичен напад.
Вистинска мистерија е зошто на Јован му била пружена медицинска помош дури утрината, бидејќи Брзата помош била повикана дури рано наутро.
Полицијата едвај го лоцирала од децата кои како стампедо излегувале од сплавот. Лежел на трева згрчен, се тресел, а бил свесен цело време до болница.