Во недела попладне дојде до тешка несреќа на автопатот А3 (Загреб – Славонски Брод) во близината на Буковлје, загинаа неколку лица, соопшти хрватската полиција, пренесува 24сата.
Автомобил со странски регистарски ознаки излетал од патот, по што се запалил и веднаш изгорел. Во него се наоѓале неколку лица, а засега бројката и идентитетот е непознат.
–Примена е дојава за пожар на автомобил. Дошло до излетување на автомобил со странски регистарски ознаки од автопатот А3 во близина на Буковлје во кои се наоѓале неколку лица. Во тек е акција на гасење на автомобилот. Следи увид и утврдување на идентитетот на настраданите, стои во соопштението на полицијата.