Регион 20. август 2018. / 09:53

Страшна несреќа: 14 бегалци повредени во сообраќајка во Србија

Страшна несреќа: 14 бегалци повредени во сообраќајка во Србија

Четиринаесет лица се повредени кај селото Жујинце, во српската општина Прешево, кога се преврти комбе со бегалци, кое од непознати причини удрило во стуб.

Четири лица се потешко повредени и префрлени во болницата во Врање, пренесува РТС.

Останатите се полесно повредени и задржани во здравствениот дом во Прешево.

Според информациите, бегалците илегално биле пренесувани со комбето.