Регион 08. октомври 2018. / 22:21

Стотици мигранти сакаат да бидат уапсени во Солун

Стотици мигранти сакаат да бидат уапсени во Солун

Неколку стотици баратели на азил денеска се собраа пред полициската станица во Солун со барање да бидат уапсени, а додека трае постапката кампуваат пред станицата.

Тие претходната ноќ ја минаа на клупите и во парковите во градот, а денеска бараат да бидат уапсени.

Мигрантите чекаа во ред пред станицата и се заканија дека ќе останат таму додека не им биде најдено сместување.

Илјадници мигранти се заглавени во Грција поради неможноста да се постигне заеднички договор во земјите на ЕУ за прераспределување низ земјите по принципот на квоти, а во исто време продолжува пристигнувањето на нови баратели на азил од бегалските кампови во Турција.