Регион 19. октомври 2018. / 13:10

Српските медиуми: Вучиќ продолжува да ја загрозува безбедноста на новинарите и слободата на медиумите

Српските медиуми: Вучиќ продолжува да ја загрозува безбедноста на новинарите и слободата на медиумите

Коалицијата на новинари и здруженија на медиуми денеска оцени дека последниот напад на српскиот претседател Александар Вучиќ на Телевизијата Н1 е продолжение на „жесток притисок од страна на властите врз професионални и непослушни медиуми и новинари“.

Во соопштение на коалицијата се наведува дека Вучиќ го етикетирал, понижувал и напаѓал медиумот и неговите новинари, со што сосем свесно ја загрозува нивната безбедност, повторно претставувајќи се како „непријател на слободата на медиумите и слободата на изразување”.

– Коалицијата на новинари и медиумски асоцијации ги поканува новинарите на меѓународна солидарност и, во случај на слични инциденти во иднина – кога еден јавно ги напаѓа и ги омаловажува своите колеги – демонстративно да ги напуштат конференциите за печат и други јавни настани, односно да одбијат да известуваат од нив, се вели во соопштението.