Регион 24. март 2020. / 15:48

Српските државјани што доаѓаат од странство добиваат карантин во камп за мигранти во Суботица

Српските државјани што доаѓаат од странство добиваат карантин во камп за мигранти во Суботица

Поради задолжителниот карантин за сите што влегуваат во Србија, којшто во зависност од земјата од која доаѓаат изнесува од 14 до 28 денови, српските државјани што си доаѓаат дома се информираат при нивниот влез во Србија и оваа мерка строго се почитува.

Неколку српски телевизии објавија дека последните неколку групи луѓе што влегле во земјата се однесени во кампот за миграти во близина на Суботица.

– Има граѓани кои немаат постојано живеалиште во Србија и затоа е приспособен кампот во Суботица каде ќе престојуваат такви лица. За 24 часа, со помош на српските вооружени сили и Комесаријатот за бегалци, кампот во Суботица, во кој беа сместени мигрантите, е претворен во карантин, со обезбедена медицинска помош и сè друго што е потребно за сместување на луѓето – обајви „ТВ Прва“.

Од друга страна, како што објави „ТВ Н1“, околу 60 српски државјани кои синоќа со хуманитарен авион допатувале од Париз, се однесени во бегалскиот камп во близина на Суботица без воопшто да им биде кажано каде се упатиле.

Според „Н1“, еден од патниците изјавил дека тие веќе не се таму, туку со автобус се тргнати за Белград, каде што ќе бидат сместени во просториите на Воената гимназија.

Соња Радевиќ за оваа телевизија вели дека утрово условите во кампот во Суботица биле нехумани.

– Не има по 10 лица во една просторија, нечисто е, бубачки шетаат, смрди и студено е. Никој не сака да каже каде сме. Подобро да останевме на аеродромот во Париз, таму имавме подобар третман отколку од нашата држава – вели Радевиќ.