Регион 03. март 2021. / 13:11

Српскиот патријарх Порфириј во изолација

Српскиот патријарх Порфириј во изолација

Српскиот патријарх Порфириј ќе биде во изолација како превентивна мерка во наредните денови, соопштија  денеска од неговиот Кабинет.

Патријархот бил во контакт со свештеникот претходните денови, кога се покажало дека тој има лесна и асимптоматска форма на Ковид-19, тоа беше објавено на веб-страницата на Српската православна црква.