Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, најави штрајк со глад поради протестите на опозицијата и како што вели, насилството што го прават опозициските лидери Бошко Обрадовиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ.
Владејачката СНС на претседателот Александар Вучиќ, од позиција на власт презема често постапки кои повеќе личат за опозицијата.
Контроверзниот Вулин претходно помина воена обука заедно со питомците на српската војска, а сега на овој несекојдневен начин сака да ги натера опозициските партии да престанат со протестите и притисокот врз државните институции.