Регион 08. March 2019. / 16:18

Српскиот милионер Мишковиќ осуден на две и пол години затвор

Српскиот милионер Мишковиќ осуден на две и пол години затвор

Српскиот милионер Мирослав Мишковиќ, сопственик на компанијата Делта Холдинг, е осуден на две и пол години затвор, а не се спаси ниту неговиот син.

Пред советот на Специјалниот суд во Белград, српскиот милионер Мирослав Мишковиќ е осуден на две и пол години затвор, а неговиот син Марко на една година домашен притвор. Двајцата се товарат за даночно затајување и поттикнување на даночно затајување.

Во повторената судска постапка, која трае веќе шест години, осуден е и сопственикот на Нибенс корпорацијата Мило Ѓурашковиќ на четири години и три месеци затвор. Читањето на пресудата траеше повеќе од час и половина.

Покрај затворската казна Мирослав Мишковиќ и неговиот син Марко ќе мора да платат и парична казна од 67 500 евра. Ѓурашковиќ треба да плати казна од 1,2 милиони евра.

Освен тоа, сите тројца во рок од три месеци од правосилноста на пресудата ќе треба на име на неплатен данок да платат 23,6 милиони евра отштета.