Регион 03. јули 2020. / 13:25

Српски туристи депортирани од Грција поради позитивен корона тест

Српски туристи депортирани од Грција поради позитивен корона тест

Прв случај на враќање на заболени српски туристи откако случајните тестови на грчката граница се покажале позитивни.

Белграѓанката за српски „Блиц“ го раскажувава своето искуство. Таа со сопругот и синот во неделата со автомобил заминале на капење на Халкидики. На граница се земал брис од еден член од семејството од секој автомобил со српски регистерски таблички.

Граничарите им наложиле следните 24 часа да ги поминат во самоизолација и им соопштиле дека доколку тестот се покаже позитивен ќе бидат известени за најмногу 72 часа.

Семејството ги поминало следните три дена низ Ситонија, а само неколку минути пред истекот на тие 72 часа.

Следел долг телефонски разговор на кој требало до детал да го објаснат секое свое движење и мерките за заштита што ги презеле. Бидејќи повикот ги начекал на плажа, им наложиле да се вратат во својот хотел и да не излегуваат од собата следните 14 дена. Но, половина час подоцна им дале уште една опција, доколку сакаат, да се вратат самите за Србија, под услов за време на целото патување да носат маска и да застанат само доколку е неопходно.

Опцијата ја добиле зошто сопругот немал симптоми, па веројатно било проценето дека за сите подобро е да заминат.