Регион 08. октомври 2018. / 15:41

Српски пратеник доби закани од ИСИС

Српски пратеник доби закани од ИСИС

Српскиот пратеник Муамер Зукорлиќ доби службено обезбедување по примените закани за ликвидација од страна на терористичката „Исламска држава“.

На порталот „Руми“, кој е под контрола на ИД, објавен е текст во кој се бара да биде убиен Зукорлиќ, кој е член на парламентарната комисија за образование, но и неколкумина верски водачи од Босна и Херцеговина.

– Добив обезбедување по заканите за безбедноста, поради закани со убиство од ИД. Видео-клипот со закани е објавен на Фејсбук, потврди Зукорлиќ.