Сигурносните камери на едно кафуле го снимија моментот на нападот врз Дамир Михајловиќ (37), кој беше прободен со нож во петокот во Нови Сад.
На видеото се гледа ММА-борецот, за кој медиумите јавуваат дека е зет српската пејачка Наташа Беквалац, кој прво беше брутално претепан, а кога заврши на подот пред кафеаната, еден од тројцата мажи вклучен во тепачката му се приближи и го прободе со остар предмет.
Српските медиуми јавуваат дека напаѓачите потоа го напуштиле местото на злосторството, а полицијата интензивно трага за нив.
Повредениот спортист веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде што му биле санирани повредите.