Регион 13. јуни 2020. / 22:00

Српски ИЗЈ: Ризик е престојот во затворен простор со многу луѓе и контакт подолг од 15 минути

Српски ИЗЈ: Ризик е престојот во затворен простор со многу луѓе и контакт подолг од 15 минути

Заменик директорката на српскиот Институт за јавно здравје „Батут“, Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, изјави дека кризниот штаб дава препораки и сите се однесуваат во зависност од нивната проценка на личен ризик.

Секое влегување во затворен простор со повеќе луѓе и контакт подолг од 15 минути на растојание од помалку од еден метар се смета за ризично – објасни таа за „ТВ Прва“.

Кисиќ Тепавшевиќ истакнува дека во Србија има стабилен број на пациенти на повисоко ниво отколку што би сакале надлежните, но дека тие ја бараат секоја потенцијално заразена личност.

Таа оцени дека граѓаните се опуштиле и дека младите луѓе доминираат меѓу болните.

Тоа се луѓе кои, по правило, се во добра состојба и инфекцијата ќе помине на ниво на настинка, но можат да заразат родители, баби и дедовци – предупреди Кисиќ Тепавшевиќ.