Регион 05. април 2020. / 15:45

Српски епидемиолог: Од јуни ќе живееме нормално, но на есен вирусот може повторно да удри

Српски епидемиолог: Од јуни ќе живееме нормално, но на есен вирусот може повторно да удри

Eден од најпознатите српски епидемиолози, проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ вели дека до крајот на мај ќе успееме да се избориме со корона вирусот, а од јуни ќе почнеме да се враќаме на нормалните животни текови.

Сепак, тој појаснува дека е можно со почетокот на есента корона вирус повторно да нападне, но нема да биде волку многу силен, како што е сега.

Никој не може да избегне нешто што е пандемија, нешто што се шири по цел свет. Тоа што ќе стигне во Европа не може да не заобиколи, па е многу логично да го имаме и тука. Пандемијата за сега ја нема само во Африка, односно има импортирани случаи, но нема масовно заболување. Секаде каде што е премногу топло, го нема вирусот. Тој има масен штит, кој на топло се топи и така се уништува, а најмногу го убиваат ултравиолетовите зраци. Се надеваме дека мај ќе биде топол месец, а најважни се ултравиолетовите зраци и УВ индексот да биде над 3. Така може да очекуваме дека во мај ќе дојде до нагло опаѓање на заболувањата и дека ќе влеземе во контролирано следње на епидемијата. Вирусот не ја трпи температурата под 0, но и онаа над 23 степени – вели професорот Тиодоровиќ.