Регион 14. декември 2018. / 11:59

Српската војска на нозе – будно се следи ситуацијата во Косово

Српската војска на нозе – будно се следи ситуацијата во Косово

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјави денеска дека ситуацијата на Косово постојано ја пратат, пораид најавеното формирање на војска.

-Тоа е наша задача. Каква наредба ќе биде донесена, за тоа ќе одлучи врховниот командант. – истакна Вулин.

Тој за телевизија “Пинк” рече дека претседателот Александар Вучиќ е загрижен и заинтересиран за се што се случува на Косово и дека сите одлуки ќе бидат донесени врз основа на непосреден увид во случувањата.

Вулин наведе дека началникот на Генералштабот на српската војска Милан Мојсиловиќ денеска ќе биде во Копнената зона на безбедност, а дека војниците ќе ги посети и Вучиќ.

-Претседателот, кога ќе оцени дека е потребно, ќе дојде кај нашите единици и во Копнената зона на безбедност и во регионот на одговорност на Третата и Четвртата бригада на војската на Србија. Претседателот е во постојана комуникација со военото раководство, но и со сите кои можат да допринесат со некоја информација за случувањата на Косово. – рече Вулин.