Српската премиерка, Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Москва, каде што ќе го потпише Договорот за слободна трговија меѓу Република Србија и Евроазиската економска унија и нејзините земји-членки.
Како што јави дописникот на МИА, по одржувањето на седницата на Евроазискиот меѓувладин совет во проширен состав, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот на Белорусија Сергеј Румас и со претседателот на Управниот одбор на Евроазиската банка за развој Андреј Бељанинов.
Евроазиската економска унија е формирана на 1 јануари 2015 година, се состои од пет земји – Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан и има за цел да презентира соработка со фокус на заедничкиот економски интерес.