Српската премиерка Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, докторката Милица Ѓурѓиќ наскоро ќе станат родители.
Како што дознава магазинот “Глориа”, Милица Ѓурѓиќ подлегнала на вештачко оплодување, и поради блажената состојба веќе неколку месеци не се појавува со Ана Брнабиќ во јавноста. Како што им е кажано на магазинот “Глориа” во Клиничкиот центар во Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанса, каде што е вработена, таа заминала на породилно отсуство.
Премиерката и понатаму останува на ставот да не зборува јавно за приватниот живот. Во секој случај Ви благодариме за убавите желби, рекле за “Глориа”од кабинетот на Ана кога се исконтактирани да и честитаат на премиерката и нејзината партнерка.