Регион 13. јули 2018. / 21:58

Српската премиерка Брнабиќ заедно со девојката на отварање на Егзит

Српската премиерка Брнабиќ заедно со девојката на отварање на Егзит

Синоќа, познатиот музички фестивал во Нови Сад, Егзит, го посетила и српската премиерка Ана Брнабиќ, во друштво со својата партнерка, Милица Ѓуриќ.

Друштво им правел градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

Тој и неговите гостинки, според српските медиуми, одбрале добро место од каде можеле да ги гледаат и слушаат изведувачите и изгледа дека добро се забавувале.