Регион 15. април 2020. / 14:02

Српската православна црква може да служи литургии за Велигден, но без присуство на верници

Српската православна црква може да служи литургии за Велигден, но без присуство на верници

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „не може да прави исклучоци и ќе го замоли патријархот на СПЦ Иринеј велигденските служби да се одржат без присуство на луѓе“.

-Опасноста од вирусот и натаму е голема и ние не можме да првиме исклучоци. Нашата работа е да ги штитиме животите на луѓето и јас денеска повторно ќе го повикам патријархот Иринеј за да го замолам службите да се одржат, но без присуство на луѓе, а сите телевизии сигурен сум дека ќе прават преноси и така ќе ги сочуваме нашите животи, изјави Вучиќ на прес конференција со членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој додаде дека ќе се држи до словото на законот и дека нема да ги спречува свештениците во одржување на литургиите, за што доби подршка од Милорад Додик.

По барањето на СПЦ за овозможување на присуство на верници за време на неделната Велигденска литургија, Вучиќ вчера гостувајќи на ТВ Дневникот на РТС изјави дека ќе и „предложи на владата полицискиот час за време на Велигденските празници да трае 84 сата, почнувајќи од петок во 17 часот до вторник во 5 часот.“