Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес запреа автобус во селото Хоргош во Војводина кој патувал од Косово кон Швајцарија.
Српските медиуми јавуваат дека во автобусот биле пронајдени стотици маски со симболи на Ослободителната војска на Косово.
Како што пренесе Б92 „инцидентот“ се случува во време кога поранешните водачи на ОВК, како Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, се во Хаг на судење.