Регион 16. јули 2018. / 14:28

Српската патарина поевтина за странци

Српската патарина поевтина за странци

На наплатната рампа во Прешево, ако возите автомобил со српски таблички, ќе платите една цена на патарина, за разлика од возачите со странски таблички, кои имаат привилегија да плаќаат поевтино, пренесе Денар.мк.

Цената во српската валута е 80 динари, додека во евра чини 0,50 евра, што кога ќе се пресмета во динари излегува поевтино за дваесетина динари.

Еден од возачите, кој отиде во Грција на одмор со своето семејство, се пожали:

„Генерално не е скапо, но неправедно е. Зошто ние да плаќаме поскапо од странците, дури и ако тоа е само 20 динари разлика во цената“.