Регион 08. октомври 2018. / 10:22

Средба Вучиќ – Столтенберг: Србија останува воено неутрална земја, но отворена за соработка со НАТО

Средба Вучиќ – Столтенберг: Србија останува воено неутрална земја, но отворена за соработка со НАТО

Меѓународнaта теренска вежба справување со последиците од вонредни ситуации „Србија 2018″ почна денеска во Младеновац, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во вонредни ситуации најважна е брза реакција и да можеме да си помагаме едни на други.

Вучиќ посака добра вежба и успешна реализација.

Тој истакна дека е горд што таква вежба за прв пат се одржува во Србија и што претставниците на 38 земји ќе работат заедно, ќе се зближат и ќе обезбедат меѓусебна помош во вонредни ситуации.
На свеченоста по повод почетокот на вежбата присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој вчера пристигна во тридневна посета на Србија.

Вежбата е организирана од страна на српското Министерство за внатрешни работи – Секторот за вонредни ситуации и Евроатлантскиот координативен центар за вонредни ситуации на НАТО.

Вежбата ќе трае од 8 до 11 октомври на територијата на Младеновац, Сопот и Аранѓеловац, се вели во соопштението на МВР.