Регион 03. декември 2019. / 14:30

Средба Трамп – Мицотакис во Белата куќа на 7 јануари

Средба Трамп – Мицотакис во Белата куќа на 7 јануари

Зајакнување на стабилноста, просперитетот и соработката низ Балканот и источниот Медитеран, според Белата куќа, ќе бидат теми на разговор за време на средбата на претседателот на САД Доналд Трамп со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис закажана за 7 јануари следната година во Вашингтон.

– Претседателот Трамп и премиерот Мицотакис ќе разговараат за начините за унапредување на долготрајните стратешки интереси на двете нации за зајакнување на стабилноста, просперитетот и соработката низ Балканот и источниот Медитеран – соопштуваат од Белата куќа.

Од Белата куќа додаваат дека Трамп исто така ќе ја истакне важноста на телекомуникациската безбедност, особено во однос на 5Г технологијата.

Американскиот претседател и грчкиот премиер на средбата се очекува да ги потврдат силните економски, безбедносни и културни врски меѓу двете земји.