Водостојот на реката Дунав во Будимпешта падна на историскиот миниум, а истото се случува и во Србија.
Според хидрологот од Републичкиот хидрометеоролошки завод Дејан Владиковиќ, Дунав во Србија е на најниско ниво од 1909 година, кога во Нови Сад беше измерено -134 сантиметри.
-Сегашната вредност на тие станици е -98 cm и -13cm, што говори дека не сме го достигнале тој минимум од 1909 година. Многу слични вредности на водостојот на Дунав имавме и во 2003 година во август и септември, како и во декември 2011 година. Она што е извесно е дека екстремните вредности кон минимум и кон максимум ќе бидат се почести, како последица на климатските промени и на тоа мора да се прилагодиме, изјави Владиковиќ за српските медиуми.
На социјалните мрежи, граѓаните споделуваат фотографии од повлечената река.
I “pretpostavljena” fotka Morave je u stvari Dunav ispod Mosta Slobode pic.twitter.com/WG0JkAHNt9
— parobrodar (@Mornar_parobrod) October 28, 2018