Во Црна Гора има околу 30 илјади алкохоличари, а секој граѓанин постар од 15 години годишно во просек испива 6,6 литри алкохол, велат податоците од Светската здравствена организација (СЗО).
Алкохолото во Црна Гора е најчесто употребуваниот пијалок, особено кај младите, и влијае на околу 130 илјади луѓе во опкружувањето на алкохоличарите.
Според податоците на СЗО, од државите во регионот само во Србија се конзумира повеќе алкохол и тоа 9,1 литар годишно по жител.
На трето место во регионот е Албанија чиишто граѓани просечно годишно пијат по 4,5 литри, додека за половина литар е помала потрошувачката на алкохол во БиХ, пренесува “Дан”.
Најмалку во регионот пијат Македонците, кои годишно конзумираат по 1,1 литар алкохол.
Светски рекордери се Литванците со 15,2 литри по глава на жител, а најмалку се пие во Таџикистан и тоа 0,3 литри.
Околу 70 милиони луѓе во светот имаат пореметувања предизвикани од алкохолот, од кои 78 отсто не се лекувани.