Ирански мигранти денеска се најбројната група во бегалските центри во Србија, после Авганистанците, а многумина од нив и понатаму се обидуваат илегално да ја преминат границата, пренесува Б92.
Владата на Србија минатата година ги укинала визите за патниците од Иран, објаснувајќи дека тоа е мерка за подигнување на туризмот.
Сепак, ноадамна визите се повторно воведени, под притисок на ЕУ.
Податоците од министерството за туризам на Србија покажуваат дека од почетокот на годината повеќе од 27.000 Иранци пристигнале во Србија, а од нив околу 10.000 не се вратиле во Иран.
Се претпоставува дека многу од нив го искористиле безвизниот режим и илегално преминале во некоја од европските држави.